На есен тиквата е лесно достапна, па искористете го овој период да направите магија во кујната
За ова јадење ви се потребни 300 грама тиква, малку масло, неколку парчиња пилешко месо, мускатно оревче, сол и бел пипер.
Тиквата исечете ја и запржете ја малку на загреаното масло. Зачинете и полека добро изгмечете ја. Кога целосно ќе омекне, ставете ја во блендер и додајте ги преостанатите работи заедно со малку топла вода и имате совршена крем супа за сечиј вкус.