Компир-салата со крем-сос на шпански начин

Вкусна салата што можете да ја јадете во секој дел од денот.

Потребни состојки (количините се за 3-4 порции):

  • ½ кг мали компири
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 1 ¼ кафена лажичка сол
  • ½ кафена лажичка бибер
  • 2 чешниња лук, фино исечкан
  • 4 супени лажици мајонез
  • 1 супена лажица лимонов сок
  • 1 кафена лажичка сенф

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 C°. Пресечете ги компирчињата на половини или на четвртини и ставете ги во еден сад. Врз нив сипете 2 супени лажици маслиново масло, ¾ од кафена лажица сол и бибер. Промешајте ги убаво компирите и ставете ги на тава, на која претходно сте ставиле еден слој хартија за печење.

Печете ги компирите околу 40 минути, превртувајќи ги двапати додека се печат. Треба да добијат убава, златна боја. Извадете ја тавата од рерна и оставете го компирот да се олади.

Во сад помешајте ½ кафена лажица сол, 1 супена лажица маслиново масло, исечканиот лук, мајонезот, лимоновиот сок и сенфот. Убаво промешајте ги состојките и посипете ги врз златниот компир.

Шпанска компир салата со крем сосФото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.