Компир-салата со краставици: Совршено кремаст и освежувачки оброк за летните денови!

Идеална комбинација!

Освежувачка, лесна и вкусна салата, а се приготвува најлесно на светот!

Состојки:
  • 6 компири
  • 2 свежи краставици
  • 10 рдокви
  • 1 врзоп мирудија
  • 2 лажички сенф
  • 3 лажици јаболков оцет
  • сол
  • свеж мелен бибер
  • 4 лажици маслиново масло
Приготвување:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на коцки. Сварете ги во солена вода. Измијте ги краставиците и рдоквите, па исечкајте ги на коцки. Мирудијата исечкајте ја ситно.

Во сад измешајте 4 лажици маслиново масло, 3 лажици јаболков оцет, сол, бибер и 2 лажички сенф.

Кога компирот ќе биде готов, добро исцедете го и префрлете го во садот со преливот, добро промешајте и оставете го на страна додека компирот се олади.

Кога компирот ќе се олади, додајте краставици, рдокви и мирудија, добро промешајте и додајте зачини по желба.

Оставете ја салатата во фрижидер половина час пред послужување.

Шест совети за совршена салата од компири: Засолете ја водата и секогаш рамномерно сецкајте ги
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.