Ќе ви ја стопли душата: Супа од домати со тестенини

Нешто на лажица

Оваа супа може да ја јадете како предјадење, но може да ви го замени и главниот оброк

Состојки:
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 поголем морков
  • 1 поголем компир
  • 500 мл доматен сок
  • 50 г тестенини
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид и црвената пиперка се чистат и се сечат на коцки, компирот и морковот се лупат и исто така се ситнат на парченца со еднаква големина.

2. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додава пиперката, па и таа кратко се пропржува.

3. Се додаваат морковот и компирот, па потоа се динстаат со долевање малку вода, додека омекне зеленчукот.

4. Омекнатиот зеленчук се префрла во блендер и со малку од течноста од варењето сето тоа добро се миксира.

5. Се враќа во тенџерето, па се сипува доматниот сок и се долева вода по потреба, за да се добие посакуваната густина. Се зачинува по желба и се вари додека зоврие.

6. Потоа се додаваат тестенините и се вари додека омекнат. Готовата супа се посипува со магдонос.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.