Карпачо со зеленчук

Хармонија од вкусови

Ви претставуваме лесен рецепт за денешното мени.

Состојки: домати, сирење „рикота“, листови пармезан, оцет од цреши, маслиново масло, сол, црн пипер, 20 г фстаци

Приготвување: зеленчукот добро се мие и се сече на многу тенки парченца (не лупете го!). За приготвување карпачо потребно е исто количество целер, морков, краставица, аспарагус (претходно бланширан), и шери-домати.

Потребна е и лажица рикота-сирење, кое не е многу калорично, многу малку пармезан (ливчиња), оцет од цреши, маслиново масло, сол, црн пипер и 20 г тостирани фстаци. Тостираните фстаци се приготвуваат така што прво се помешува сол и вода за да се добие т.н. мокра сол.

Во неа се валкаат фстаците, а потоа се распоредуваат во плех и се печат во рерна на 180 степени десетина минути. Целта е да потемнат, бидејќи така стануваат покрцкави.

Фото: Илустрација

Сите состојки се сервираат во чинија.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.