Извонредно варено јадење: Стоплете се со боранија со тиквички

Нешто на лажица

Ова јадење ќе им се допадне и на оние што не се големи љубители на боранија

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 средни моркови
  • 500 г млада боранија
  • 2 средни тиквички
  • 250 г лупени домати
  • 1 лажица сечкан копар
  • 1 л зеленчукова супа во коцка
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите се лупат и се сечкаат на крукчиња.

2. Мешунките се чистат (краевите се отсекуваат, стебленцата се сечкаат на помали парчиња), а тиквичките се лупат и се сечкаат на покрупни коцки.

3. На малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите, па и тие кратко се пржат.

4. Се ставаат мешунките и понатаму се динста, со долевање по малку супа, додека омекне зеленчукот наполу.

5. Потоа се додаваат тиквичките, се ставаат измиксираните лупени домати и се зачинува по желба. Се продолжува варењето со долевање супа по потреба, додека целиот зеленчук омекне, а јадењето ја добие потребната густина.

6. Пред крајот на варењето се става копарот и се вари уште 5 минути.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.