Италијански пирошки: Оригинален рецепт за највкусното тесто!

Мора да ги пробате!

Ќе се изненадите од тоа колку едноставно се приготвуваат пирошките

Потребни состојки:

За тестото

  • 800 милилитри млеко (или вода)
  • 10-20 грама путер
  • сол
  • 400 грама брашно

За печење

  • 3 јајца
  • презла
  • сол

Или за пржење

  • масло
За филување
  • по желба: праз, домати, моцарела, зачини
Приготвување:

Загрејте го млекото, но внимавајте да не зоврие. Додајте путер и посолете.

Кога ќе се стопи путерот, намалете ја температурата. Додајте просеано брашно и мешајте.

Замесете го тестото со лажица додека уште е на рингла, околу 4 минути.

Оставете го тестото да се излади, па премесете го со раце.

Растопете го путерот во тавче. Динстајте го празот исечен на крукчиња и посолете го. Тргнете го од оган и додајте сечкан домат, моцарела, сол и бибер по желба и измешајте.

Во пирошките може да ставете и фил по желба, ова е само предлог.

Ставете го тестото на површина наросена со брашно и премесете уште еднаш.

Развлечете го тестото на дебелина од околу 2-3 милиметри. Извадете делови од тестото со чинија со пречник по желба. На средината од секој круг ставете фил па преклопете ја пирошката и притиснете ги рабовите за да се затвори добро. Може да притиснете со виљушка.

Изматете јајца, додајте сол. Потопете ја пирошката во јајцата од двете страни, па извалајте ја во презла. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 20 минути.

Ако претпочитате, може да ги пржите пирошките во длабоко масло.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.