Италијанска супа за свадби која ќе ве воодушеви: Толку е вкусна што сигурно ќе ја приготвувате постојано!

Ја лекува и ја топли душата

Некои ја викаат супа „минестра“, а станува збор за богата чорба со зеленчук, тестенини и ќофтиња

Италијанската чорба за свадби е многу вкусна, бидејќи содржи топол бујон, зеленчук, парчиња месо и прекрасни ситни тестенини. Толку е вкусна што Американците ја викаат „храна за утеха“.

Состојки:

За ќофтињата:

  • 250 г мелено јунешко месо
  • 250 г мелено свинско месо
  • 1 јајце
  • 2 парчиња постар бел леб (иситнет во блендер)
  • 2 лажици свеж магдонос (ситно сечкан)
  • 1/2 лажиче суво оригано
  • 3 лажици рендан пармезан
  • 2 чешниња лук (ситно сечкани)
  • сол и бибер по вкус
  • маслиново масло за пржење

За супата:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 среден кромид (ситно сечкан)
  • 2 моркова (сечкани на крукчиња)
  • 2 стебленца целер (сечкани)
  • 2 чешниња лук
  • 1,5 л пилешки бујон
  • 100 г тестенини (орзо или ситни макарони)
  • 2 грста свеж спанаќ
  • сол, бибер и рендан пармезан по вкус
Приготвување:

Прво, пригответе ги ќофтињата. Во чинија измешајте месо, лебни трошки, зачини, јајца, магдонос и пармезан. Формирајте мали топчиња (со пречник од 2 см). Потпечете ги на тавче за поинтензивен вкус. Загрејте маслиново масло и пржете ги додека добијат златна коричка (не мора да бидат целосно печени, ќе се доготват во чорбата).

Потоа, во голем лонец на малку масло пропржете кромид, морков и целер додека омекнат (околу 7 минути). Додајте лук  пржете уште некоја минута. Сипете пилешки бујон, додајте сол и бибер, па кога ќе зоврие, додајте ги тестенините и ќофтињата. Намалете ја температурата и гответе околу 10 минути додека омекнат тестенините, а ќофтињата се зготват.

При крајот на готвењето додајте спанаќ, кој ќе омекне за помалку од минута. Послужете ја чорбата топла, посипана со рендан пармезан.

Не прескокнувајте го пржењето на ќофтињата, тој чекор му дава длабочина на вкусот.

Користете свежи зачини и домашни лебни трошки, разликата е огромна.

Додајте коричка пармезан во супата додека се готви за автентичен италијански шмек.

Ако не сакате спанаќ, можете да го замените со блитва или кељ.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе