Има да се заљуби во вас: Направете му мафини со фета сирење и тиквички

Рецепт

Ако не знаете што да готвите за недела наутро без да потрошите многу време, тогаш ова е идеалниот рецепт за вас. Вкусот е совршен, а комбинацијата од фета сирење и тиквички ќе ве освои уште на првиот залак.

Не треба да сте вешти во кујната, подготовката на ова јадење е исклучително едноставна.

Состојки:

3 јајца

2 тиквички

160 грама брашно

140 гр фета сирење

половина кесичка прашок за пециво

100 мл јогурт

70 мл масло

сол

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги околу 10 минути да се ослободи вишокот вода. Во меѓувреме изматете ги јајцата со јогуртот и маслото.

Во добиената смеса измешајте брашно и прашок за пециво. Издробете го фета сирењето и ставете го во садот, потоа добро измешајте сè заедно. По желба додадете сол.

На крај додадете ги исцедените тиквички.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.