И денес се меси погача: Традиционални рецепти за Василица

Кршење лепче со паричка

Вака се одбележува 14 јануари

Погачите традиционално се приготвува на 1 јануари по јулијански, односно 14 јануари по грегоријански календар. На тој ден умрел и архиепископот Свети Василиј, кого го викале пчела на црквата Христова, која им носи мед на верниците и со својата боцка ги боде еретиците – безбожниците.

Погачите можат да бидат солени и слатки, но едно нешто им е заедничко: се месат со многу љубов и се јадат топли на Василица!

Слатките погачи се шараат така што се врзуваат неколку страка слама во снопче со црвен конец, па со врвовите се боде тестото, така што дупчињата треба да формираат облик на крст.

Многу домаќинки приготвуваат погача според стариот рецепт за домашен леб.

Погача од проино брашно

Состојки:

  • 3 шолјички проино брашно
  • 3 шолјички пченично брашно
  • 3 јајца
  • 2 шолјички масло
  • 1 прашок за печиво
  • лажиче сол
  • 3 шолјички кисела вода

Приготвување:

Изматете јајца, додајте вода и масло, па полека додајте го и измешаното брашно со прашокот за печиво. Печете во подмачкан плех на околу 200 степени.

Погача со мед

Состојки:

  • 800 г брашно
  • 200 г маст
  • 40 г свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица шеќер
  • млака вода
  • мед

Приготвување:

Измешајте ги брашното и маста, па полека додајте го нараснатиот квасец и солта, замесете меко тесто и поделете го на помали топчиња. Оставете го тестото да нарасне, па секое топче расукајте го во помало лепче.

Едно од лепчињата расукајте го со сукало и исечете го на ленти кои ќе ги користите за украс.
Преостанатите лепчиња преклопете ги на средина, обликувајте ги во форма на погачи и украсете ги со завиената лента. Погачите ставете ги во подмачкан плех посипан со брашно и оставете ги да нараснуваат уште десетина минути.

Печете ги на температура од 200 степени, послужете ги топли и прелиени со мед. Во некои краишта, погачите се печат во форма на обични тркалезни лепчиња, а постои и обичај да се ишараат со врвот на сламки врзани во сноп со црвен конец.

Што да направите со паричката од погачата: Вака се чуваат среќата, здравјето и богатството во семејството!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.