Хроно-леб со семки што сите можат да го јадат: Се прави без бело брашно и квасец, долго трае и со денови останува тазе

Превкусно

Леб со многу семиња и совршен вкус што можат да го јадат апсолутно сите!

Еднаш кога ќе го пробате овој хроно-леб, сигурни сме дека секој ден ќе му наоѓате место на вашата трпеза. Освен што има неодолив вкус, многу е здрав. Може да го јадат и оние кои внимаваат на намирниците што ги внесуваат во организмот, но и оние што сакаат да ги симнат вишокот килограми. Се приготвува без бело брашно и квасец, а со денови останува тазе и може долго да стои.

Состојки:
  • 2 чаши брашно од спелта
  • 1/2 чаша брашно од хелда
  • 1/2 чаша брашно од јачмен
  • 50 г мелено ленено семе
  • 2 чаши кисела вода
  • рамно лажиче сол
  • кесичка прашок за печиво
  • 2 лажици масло
  • 30 г сирови семки од тиква
  • 30 г сирови семки од сончоглед (опционо)
  • 20 г сусам (опционо)
  • 10 г ким (опционо)

За мерка можете да користите чаша од 200 мл.

Приготвување:

Во чинија сипете ги сите три вида на брашно, меленото ленено семе, солта и прашокот за печиво, па сето тоа добро промешајте го. Додајте кисела вода и масло и добро измесете го тестото со лажица. Обложете плех со хартија за печење, префрлете ја смесата за лебот, посипете ја со семиња и печете ја во загреана рерна на 220 степени околу еден час.

По десетина минути печење, задолжително ставете алуминиумска фолија преку лебот за да не ви загори и оставете го да стои додека сосема се испече. Готовиот леб завиткајте го во памучна крпа и оставете го да отстои прекуноќ, така нема да се рони кога ќе го сечете.

Леб со семки: Идеален за појадок
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.