Густа супа од грашок со француско лепче

Сервирајте го со француско печиво со афион

Без разлика на високите надворешни температури за време на летото, многу е важно одвреме-навреме да консумираме оброк што се јаде со лажица и да го закрепнеме нашиот организам, па затоа денес ви подготвивме рецепт за вкусен потаж од грашок.

Состојки: 250 г грашок, половина главица карфиол, 1/4 црвен кромид, 1 чешне лук, магдонос, сол, црн пипер, маслиново масло

Приготвување:

Пропржете ги кромидот и лукот во малку маслиново масло. Потоа, налијте вода и додајте ги грашокот и карфиолот. Варете околу 10-тина минути. Кога зеленчукот ќе се свари, испасирајте го во блендер и зачинете го по вкус. Украсете го со магоднос или со свежо нане!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.