Готвиме со Бранко: Вевчански кашаник

Врвен специјалитет!

Бранко Попоски не’ воодушеви со овој традиционален вевчански специјалитет

Бранко Попоски уште еднаш ги докажа своите извонредни кулинарски вештини со овој традиционален вевчански рецепт. Посетете го неговиот инстаграм-профил @cookingwithbranko за дневна доза инспирација.

Состојки:
  • 3 кг брашно тип 500
  • 6 литри млака вода
  • сол по вкус
  • 500 мл масло
Потребна опрема:
  • тепсија број 46
  • сач (вршник)
  • пирустија
Приготвување:

1. Вршникот треба да се вжешти на оган со жар пред да ја печете кората

2. Ставете брашно, вода и сол и формирајте хомогена смеса

3. Ставете голема лажица од смесата во тепсија и попрскајте ја со масло

4. Повторувајте ја постапката додека ја потрошите смесата

5. Последната кора печете ја малку за да зарумени, па вратете го сачот над кашаникот

Уживајте во овој врвен специјалитет!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.