Готвач открива трик за совршено подготвен сладок компир: Мек однатре, крцкав однадвор

Подготовка во два чекора

Тајната не е во комплицираните состојки, туку во подготовката во два чекора. Со малку путер и маслиново масло, слаткиот компир добива златна кора и карамелизирани рабови.

Готвачот Џастин Фриман од Денвер открива дека најдобриот начин за подготовка на сладок компир е комбинација од печење во рерна и кратко пржење во тава. Резултатот е кремаста внатрешност и крцкава надворешност, без потреба од посебна опрема.

Подготовка во два чекора

Прво, загрејте ја рерната на 175 степени. Во неа ставете сад со врела вода за да создадете пареа. Слатките компири оставете ги цели, со кората, и избодете ги неколкупати со вилушка.

Печете ги околу 20 до 30 минути, односно додека целосно не омекнат. Поголемите компири може да бараат малку повеќе време.

Оставете ги кратко да се изладат, па исечете ги на парчиња без да ја отстранувате кората.

Во тава загрејте комбинација од путер и маслиново масло. Додајте ги парчињата сладок компир и печете ги додека не добијат златна, крцкава кора и карамелизирани рабови.

Не претерувајте со зачините

Фриман советува да се експериментира и со различни видови сладок компир, вклучувајќи ги јапонскиот и виолетовиот. Според него, нивната текстура е особено погодна за печење.

Бидејќи слаткиот компир има изразен природен вкус, готвачот најчесто го зачинува само со сол. Тој препорачува да не се потпираме слепо на времето за подготовка, туку да ја проверуваме мекоста со вилушка и да го пробаме за време на готвењето. Овој зеленчук може да биде и главна состојка во оброкот. Фриман го користи во кари со наут и кромид, кое го послужува со ориз.

Фото: pixabay.com

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе