Гостите ќе мислат дека сте ја купиле од деликатесен бар: Овој намаз се прави за 10 минути и совршено оди со чаша вино

Брзи рецепти - кремастата паштета од сардини

Кремастата паштета од сардини е идеално предјадење кога сакате брзо, вкусно и впечатливо да ги почестите гостите без многу време поминато во кујната.

Ако ви доаѓаат гости, а сакате да ги изненадите со едноставно, но вкусно предјадење, паштетата од сардини е вистинскиот избор. Рецептот се подготвува за само десет минути, не бара термичка обработка и е одличен додаток со чаша бело вино или свежо печен леб.

За подготовка се потребни: конзервирани сардини без коски, путер на собна температура, крем-сирење со намалена масленост, сок од лимон и свежо мелен црн бибер. За декорација се користат свеж магдонос и парчиња лимон, кои му даваат дополнителна свежина.

Сите состојки се ставаат во блендер или сечко и се миксираат додека не се добие мазна и кремаста смеса. По желба се додава уште малку бибер, а потоа паштетата се префрла во садови за сервирање и се остава во фрижидер најмалку половина час за вкусовите убаво да се соединат.

Пред сервирање украсете ја со магдонос и тенки парчиња лимон. Овој едноставен намаз е идеален за премачкување на тостиран леб, крекери или брускети и сигурно ќе биде едно од првите јадења што ќе исчезне од трпезата.

pexels – namaz – pasteta

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе