Го чисти организмот: Пробајте супа од домати со тестенини

Предноста на супата е тоа што може да се приготви во почетокот на неделата и да се јаде наредните неколку дена, што значително ви заштедува време, а во секој миг од фрижидерот можете да извадите здрав и хранлив оброк.

Ако варите булјон од шупливи коски, поретко ќе се разболувате, ќе ви се подобри варењето, ќе ви закрепне целиот организам и уште многу нешта.

Во ладните есенски и зимски денови, кои се пред нас, топлата супа ќе биде повеќе од пожелна. Уште денеска за себе и за своите најмили пригответе го ова јадење, комбинирајте месо и зеленчук по желба и бидете сигурни дека не можете да згрешите.

Супа од домати со тестенини

за 4 лица

приготвување: 40 мин.

Состојки:

  • 1 главица црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 поголем морков
  • 1 поголем компир
  • 500 мл доматен сок
  • 50 г тестенини
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

  1. Црвениот кромид и црвената пиперка се чистат и се сечат на коцки, компирот и морковот се лупат и исто така се ситнат на парченца со еднаква големина.
  2. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додава пиперката, па и таа кратко се пропржува.
  3. Се додаваат морковот и компирот, па потоа се динстаат со долевање малку вода, додека омекне зеленчукот.
  4. Омекнатиот зеленчук се префрла во блендер и со малку од течноста од варењето сето тоа добро се миксира.
  5. Се враќа во тенџерето, па се сипува доматниот сок и се долева вода по потреба, за да се добие посакуваната густина. Се зачинува по желба и се вари додека зоврие.
  6. Потоа се додаваат тестенините и се вари додека омекнат. Готовата супа се посипува со магдонос.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.