Ги храни и душата и телото: Најдобриот рецепт за говедска супа

Од готвачот на баба!

Порано оброците започнуваа со предјадење сочинето од топла супа

Сигурно и ден денес ги помните вкусните супи на баба што сте ги јаделе во детството. Токму затоа, ви го откриваме овој оригинален за рецепт за најдобрата говедска супа.

Потребни состојки:
  • 1 килограм говедски ребра со малку маснотии
  • телешка потколеница или говедска коска, најдобро од бутот
  • 1 главица црвен кромид
  • 4 гранчиња магдонос
  • 6 моркови
  • 1 репка
  • 1 корен од целер
  • сол и пипер
  • млад грашок, по желба
Начин на подготовка:

1. Во голем лонец ставете ги месото и коската, па додајте кромид, магдонос, додајте околу 3 литри ладна вода и оставете тоа да се загрева прво на силен оган додека не проврие, а потоа на средна температура еден час.

2. Потоа додајте морков исечен во должина на подебели ленти, репка исечена на 4 дела и исечкан корен од целер. Посолете, ставете пипер, поклопете го лонецот и оставете го да се загрева уште најмалку еден час на тивок оган.

3. На крајот, исцедете ја супата. Потоа, во неа ставете млад грашок по желба, кому ќе му требаат уште 10 минути за да се зготви, потоа додајте фиде и сето тоа загревајте го уште 2 минути и потоа тргнете го од рингла.

4. Супата е подготвена за послужување. Остатокот од зготвениот зеленчук можете да го додадете во супата или да го послужите со месо како прилог.

Добар апетит!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време