Генијален рецепт за маринирани тиквички како идеален додаток на скарата

Веруваме дека ќе се согласите со нас кога ќе кажеме дека тиквичките на скара се еден од најдобрите кулинарски пронајдоци (ако сте љубител на овој зелен зеленчук), но дали сте пробале маринирани тиквички?

Без разлика дали ги јадете како гарнир или главно јадење, маслото, солта и биберот можат да бидат доста неутрални, па ако ви треба промена и додавање на возбуда кога станува збор за овој зеленчук, време е да ја разгледате и маринираната опција. Без грижа, тоа е поедноставно отколку што звучи, и ќе бидете воодушевени од резултатот.

Рецепт за маринирани тиквички

Состојки:

  • 3 средни тиквички
  • 2 лажички сол
  • 300 мл оцет
  • 250 мл маслиново масло
  • 5 чешниња лук
  • 2 лажички оригано
  • 2 лажички сушен магдонос
  • 1 лажичка чили или црвен пипер (најдобро во снегулки)

Подготовка:

Излупете ги тиквичките и исечете ги што е можно потенко, посипете ги со половина лажица сол и оставете да отстојат половина час. Во тенџерето истурете маслиново масло, излупени, цели чешниња лук, преостаната сол, оригано, магдонос и чили снегулки. Загревајте на тивок оган, но не оставајте да зоврие. Оставете на оган неколку минути, а потоа извадете го лукот и оставете го настрана. Исцедете ги тиквичките од вишокот вода, па наредете ги парчињата во тегла и нежно притиснете ги со лажица. Истурете ги со маринада и ставете по едно чешне лук во секоја тегла. Теглите чувајте ги во фрижидер и оставете ги преку ноќ. Консумирајте ги тиквичките во рок од една недела.

Испробајте и: Зебра-палачинки чиј изглед, а и вкус, ќе ве воодушеви!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.