Филети од обарени пиперки: Зимница без капка масло!

Врвна зимска салата

Вака приготвена може многу долго да стои

Состојки:
  • 7 кг пиперки
  • 4 л вода
  • 300 г шеќер
  • 200 г сол
  • 100 мл есенција
  • 1 винобран
Приготвување:

Исчистете ги пиперките и исечете ги на филети, па наредете ги во голем сад што може да се поклопи. Во тенџере сипете вода, па додајте шеќер и сол и загрејте до вриење. Тргнете го од оган, додајте есенција и винобран, па прелејте ги пиперките со врелата течност.

Потоа, поклопете ги и оставете ги 24 часа да отстојат. Наредете ги пиперките во тегли и прелејте ги со течноста во која стоеле. Зачинете со бибер во зрна и притиснете ги да се потопат во течноста.

Вака приготвените пиперки можат долго да стојат, нема да ужегнат, бидејќи не содржат масло.

Трик за најбрзо лупење на печени пиперки: Лушпата паѓа за неколку секунди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.