Домашни кифли од лудо тесто: Подобро од кое било печиво од пекара!

Ќе ве воодушеват!

Ова е еден од најпопуларните рецепт за лудо тесто што е многу популарно на Балканот

Потребни состојки:
  • 250 милилитри млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 40 грама свеж квасец
  • 500 грама брашно
  • 500 грама остро брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 2 јогурта
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка сол
За преливот
  • вода и сол или 1 жолчка и малку слатка павлака или 3 лажици брашно, 2 лажици сол и 6 лажици вода

Приготвување:

Во еден сад ставете топло млеко и додајте лажичка шеќер и раздробен квасец. Добро промешајте ги состојките и оставете ги 5-10 минути на топло место за да нарасне смесата.

Во голем сад, ставете ги двата вида брашно и по ред додајте прашок за печиво, шеќер, масло, сол, јогурт и изматени јајца.

На крај, додајте го и нараснатиот квасец и месете со рака или лажица, додека на добиете компактно тесто. Префрлете го тестото на подлога наросена со брашно и замесете уште малце.

По потреба, ако ви се лепи за раце, додајте уште малку брашно. Обликувајте го тестото во топка и ставете го во поголема најлонска кеса. Потоа, истиснете го воздухот, па заврзете ја и ставете ја во фрижидер најмалку 4 часа.

Потоа, префрлете го тестото на подлога наросена со брашно и поделете го. Едната половина вратете ја во кеса и во фрижидер, а од другата направете кифли (од половина тесто ќе направите кифли што ќе ви наполнат еден голем плех).

Поделете го тестото на парчиња со иста големина. За поголеми кифли, ќе ви треба 70-75 грама тесто, а за помали, околу 50 грама.

Обложете плех со хартија за печење и премачкајте ја со шолја вода. Од парчињата тесто, направете топчиња, извалајте ги малку во брашно и ставете ги на страна.

Потоа, со помош на мало сукало, развлечете го секое топче во овална форма. Наросете го со брашно ако тестото ви се лепи за подлогата.

Секој овал премачкајте го со малку вода, цврсто завиткајте го и наредете ги овалите во плех. Кога ќе го наполните плехот, покријте ги кифлите и оставете ги 15-20 минути да нараснат.

Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 230 степени и пригответе го преливот што ви се допаѓа.

Во првата и традиционална варијанта, откако ќе нараснат кифлите и кратко пред да ги печете, попрскајте ги со вода и наросете ги со сол. За втората варијанта, измешајте жолчка со малку слатка павлака и премачкајте ги кифлите кратко пред печење. За третиот прелив, измешајте прво брашно и сол, а потоа додајте вода и мешајте додека не добиете кремава паста. Ставете ја пастата во шприц и нанесете ја на кифлите 2 минути пред крајот на печењето. Тоа време е доволно за да се стврдне пастата.

Печете ги кифлите на 230 степени 12-14 минути. Ако кифлите брзо ви потемнат од горната страна, само покријте ги со алуминиумска фолија и продолжете да печете најмалку 11 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.