Домашна мисиркина паштета готова за миг: Нема да можете да престанете да го јадете ова чудо од вкусови!

Деликатес

Овој рецепт ќе ве освои со лесниот начин на приготвување и со божествената комбинација на вкусови

Состојки:
  • 1 парче варено мисиркино бело месо
  • 3 варени јајца
  • 2 варени моркови
  • 2 варени компири
  • 1 главица кромид
  • 1/2 чаша милерам
  • 1 лажиче сенф
  • сол, бибер
  • морско оревче
Приготвување:

Издинстајте главица кромид со бело мисиркино месо. Сварете ги компирот и морковот и ситно исечкајте ги, па додајте го мисиркиното месо. Посебно сварете ги јајцата, исечкајте ги ситно и исто така додајте ги во смесата, па сето тоа добро измешајте го. Сите состојки сомелете ги во блендер, додајте сенф, милерам, малку морско оревче, сол и бибер.

Оставете ја паштетата еден-два часа во фрижидер пред служење.

Добар апетит!

Предлог за ручек: Два специјалитета со мисиркино месо кои лесно се подготвуваат (рецепт)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.