Домашен леб со квасец: Мек како сунѓер, ќе ве маѓепса засекогаш!

Совршен рецепт

Навистина вреди да се потрудите за овој рецепт

Состојки:
  • 7 г сув квасец или 1/2 коцка свеж
  • 500 г брашно
  • 1 лажиче сол
  • 475 мл топла вода
  • 1 лажиче шеќер или мед
  • 2 лажици маслиново масло
Приготвување:
  • Во пластичен сад измешајте ги состојките и поголемиот дел од брашното (4/5).
  • Полека додавајте вода додека го мешате брашното, додека добиете компактна смеса. Доколку е премногу ретко, додајте брашно од сочуваниот дел.
  • Потоа, извадете го тестото на набрашнета површина, па замесете го долниот крај на тестото со една рака, со другата рака полека расукувајте го горниот крај.
  • Преклопете, па превртете го тестото.
  • Повторувајте ја постапката додека добиете мазно тесто.
  • Потоа, формирајте тркалезен облик на тестото, повлекувајќи ги рабовите под централниот дел, па вратете го во садот за стасување.
  • Малку набрашнете го, па покријте го со крпа или капак и оставете го да нараснува додека се удвои големината.
  • Кога тестото ќе нарасне, извадете го на набрашнета површина, па со дланките внимателно притиснете го за да го истиснете воздухот.
  • Набрашнете го малку од горната и долната страна за да не ви се лепи, па премесете го како во претходната постапка, околу 5 минути.
  • Обликувајте го тестото според садот за печење што сте го намрсиле и набрашниле.
  • Можете да го исечкате тестото на врвот за да го насочите растот на смесата со кратки потези со нож во насока кон себе.
  • Оставете го да нараснува додека се удвои.
  • Пред печење, премачкајте го тестото со малку маслиново масло или попрскајте го со вода.
  • Печете го во рерна на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.
Домашен леб со путер: Мек како сунѓер, останува тазе и до 3 дена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.