Бурек со сирење од готови кори: Подобар од купечкиот од пекарница!

Вкусно!

Доколку ви се јаде бурек, можете да го приготвите сами и тоа од готови кори

Состојки:
  • 400 г потенки кори
  • 300 г сирење
  • 100 г кисела павлака
  • 100-200 мл вода
  • многу малку прашок за печиво
  • сол
  • масло
  • тркалезна тепсија со пречник од 22 см
Приготвување:

Добро издробете го сирењето, додајте ја павлаката и внимателно измешајте за да не се здроби сирењето.

Тепсијата обилно премачкајте ја со масло. Во вода додајте прашок за печиво и мешајте додека се стопи. На дното на тепсијата ставете ја првата кора, па премачкајте ја со малку масло и попрскајте ја со вода и прашок за печиво.

Ставете ја втората кора и попрскајте ја и намрсете ја. Страните на двете кори треба да висат преку тепсијата.

Додајте ја третата кора малку згужвана во средина и на краевите, па намрсете ја, попрскајте ја и додајте го делот со сирењето, обично тоа е една третина. Повторете ја истата постапка, со тоа што сега ќе ги згужвате сите кори.

Кога ќе ви се потроши сирењето, префрлете ги рабовите од корите што висат и поклопете со уште две кори кои се намрсуваат и попрскуваат со вода, па се туткаат од страните во тепсијата.

Печете на 200-210 степени Целзиусови околу 40 минути за да порумени убаво. Префрлете го врелиот бурек на штица и пресечете го кога ќе се олади малку.

Неверојатен оброк! Лажен бурек од макарони
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.