Брзи крофнички: Меки како сунѓер, мирисаат на детство и го освојуваат целото семејство!

Совршенство од вкусови

Може да ги јадете и за појадок и за вечера, совршени се

Состојки:
  • 1 јајце
  • 1 чаша јогурт
  • 14 рамни лажици брашно
  • малку сол
  • малку шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • масло за пржење по потреба
Приготвување:
  • Со жица изматете го јајцето, па додајте јогурт, шеќер и сол, а на крај измешајте го брашното со прашокот за печиво.
  • Добро изедначете ја смесата со жица.
  • Во тенџере сипете два прста масло и загрејте го.
  • Маслото треба да е добро загреано, па во него потопете ја лажицата со која ќе ги вадите крофните.
  • Земете со лажица од смесата, па спуштете ја во загреаното масло.
  • Пржете ги крофните од двете страни за да заруменат што побрзо.
  • Вадете ги и спуштајте ги во сад обложен со салвети.
  • Испржените крофни оставете ги да се оладат малку, па послужете ги со јогурт или кисело млеко, но добро одат и со џем и со шеќер во прав.
  • Можете да го оставите тестото да отстои 10-15 минути, па да ги пржите крофните.
Појадок од детството: Започнете го денот со крофнички со кисело млеко!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.