Брзи јапонски палачинки: Меки како памук, сочни како лубеница!

Пробајте!

Јапонските палачинки потсетуваат на американските, но се дупло подебели, додека телото е три пати помеко

Состојки:
  • 2 јајца
  • 3/4 шолји млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 2/3 шолји брашно
  • 1 3/4 лажичиња прашок за печиво
  • 3 лажици шеќер

Приготвување:
  • Изматете пенесто јајца, млеко и екстракт од ванила во голем сад.
  • Во друг сад измешајте брашно, прашок за печиво и шеќер, па додајте ги во течната смеса.
  • Оставете ја смесата за палачинките да отстои околу 15 минути.
  • Ставете големо тавче со малку масло на средна температура на рингла.
  • Сипете една порција од тестото (околу четвртина од тестото) и чекајте додека се појават меурчиња. Тогаш палачинките се подготвени за превртување.
  • Кога ќе се испржи и втората страна, послужете ги палачинките со сируп, овошје или, типично јапонски, со путер.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.