Брз оброк: Прженици на сосема поинаков начин (ВИДЕО)

Рецепт

Пржениците на многумина се омилен избор за почеток на денот.

Добропознат појадок од кујната на нашите баби, на кој никој не може да му одолее. Подгответе вкусни прженици со шунка.

Потребно е:

Сечен леб

100 г шунка

50 г кашкавал

1 лажица сирење или павлака

1 лажица мајонез

2 јајца

Масло

Приготвување:

Во чинијата, изрендајте шунка, сирење, додајте мајонез и добро соединетете ги состојките. Изматете ги и посолете ги јајцата.

Приготвениот фил нанесете го врз едно лепче, одозгора поклопете со друго парче леб и притиснете ги. Потопете ги во јајцата од сите страни и пржете ги во врело масло.

Извадете ги врз хартиена салфетка за да го впие вишокот од маслото. Послужете ги топли.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.