Босански бурек од готови кори: Отсега само вака ќе го правите!

Изненадете ги најблиските!

ФОТО: Bakina kuhinja

Не сте пробале повкусен бурек!

Состојки:
  • 500 грама тенки кори
  • 30 грама квасец
  • 250 милилитри млеко
  • 6 лажици брашно
  • 100 милилитри масло
  • 200 грама сирење
  • 200 грама кисело млеко
ФОТО: Bakina kuhinja
Приготвување:

Издробете го сирењето, додајте кисело млеко. Потопете го квасецот во млеко, па додајте масло и брашно и сето тоа добро изгмечете го. Развлечете една кора на маса, па до неа додајте уште една. Со четка премачкајте ги корите со млеко, брашно и квасец, а издробеното сирење наредете го на дното на корите. Свиткајте ги малку страните, па завиткајте ги во тенка ролна. Премачкајте ја со малку масло и завиткајте ја во круг.

Подмачкајте го плехот со масло и ставете ги ролните во плех. Правете го тоа додека не го потрошите материјалот. Ако ви останат уште лажички, додајте ги врз ролничките, односно бурекот.

Вклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете околу 40 минути.

Извор: Kod bake u gostima

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.