Бомбастична пита од праз и кашкавал: Печиво во кое ќе се вљубите на прво залаче!

Совршена!

Научете да сучете домашни кори

Состојки:
  • 650 г брашно
  • 10 г квасец
  • 1 лажица шеќер
  • рамно лажиче сол
  • 200 мл млака вода
  • 200 мл млако млеко
  • 90 мл масло
  • 700-800 г праз
  • 150 мл масло
  • 50 мл доматен сок
  • 1-2 лажички мелена пиперка
  • 1 лажиче сол
  • 200 г рендан кашкавал
  • 2 жолчки
  • малку млеко
  • малку масло
Приготвување:

Измешајте ги брашното (оставете 50 г на страна), квасецот, солта, шеќерот и 50-70 мл млака вода и оставете квасецот да се активира. Додајте 90 мл масло, преостанатата млака вода и млеко. Замесете тесто, па покријте го со пластична фолија и крпа. Оставете го да отстои.

За тоа време, исечкајте го празот. Додајте му 150 мл масло и динстајте го десетина минути. Додајте доматен сок, мелена пиперка и сол, па убаво промешајте и оставете го уште 7-8 минути да се динста на тивок оган.

Нараснатото тесто премесете го, извадете го од чинијата, обликувајте го во форма на ролат, па пресечете го на 5 еднакви дела. Секој дел обликувајте го во лепче, па повторно покријте го со фолија, за тестото да не се суши додека ги сучете корите.

Посипете брашно на работна површина, па со сукало расучете едно лепче во правоаголник. Посипете брашно и одозгора за да не ви се лепи за сукалото. Кората треба да биде многу тенка.

Петина од филот од праз се распоредува по кората, посипете и петина од кашкавалот, па внимателно завиткајте ја во ролат. Повторете ја постапката со преостанатите лепчиња. Наредете ги питите во плех обложен со хартија за печење. Питата премачкајте ја со масло измешано со малку минерална вода, па премачкајте ја и со жолчка помешана со малку млеко и масло.

Печете ја десетина минути на 200 степени, па намалете ја температурата на 170-180 степени и печете уште околу 20 минути.

Слоевита и сочна традиционална пита: Научете како да приготвите тутманик!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.