Богата гибаница полна со сочен фил: Вистински македонски појадок!

Залчиња во кои се ужива

Нема ништо повкусно од врела пита со сирење

Состојки:
  • 1/2 кг готови потенки кори
  • 200 г сирење
  • 250 мл кисело млеко
  • 3 јајца
  • 50 мл масло
Приготвување:

Издробете го сирењето на покрупни парчиња. Во киселото млеко додајте јајца и масло и измешајте. Убаво премачкајте со масло плех со големина 40х20 см.

Секоја кора изгужвајте ја како хармоника и наредете ги по должина во плехот. Помеѓу наборите ставете сирење од сите страни. Прелејте со кисело млеко и протресете да падне помеѓу наборите. Печете на 200 степени околу 50 минути да порумени убаво.

Оладената гибаница пресечете ја и послужете ја со јогурт.

Неверојатен оброк! Лажен бурек од макарони
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.