Ако сакате да живеете долго, мора да ја јадете оваа салата: Спречува дебелеење, стареење и холестерол!

Нема ништо поздраво од ова!

ФОТО: Getty Images

Нашите баби и дедовци секој ден во текот на зимските денови го имале овој производ на менито

Предноста на киселата зелка е во високиот процент на витамин Ц. Освен тоа, киселата зелка е добра против мамурлак и за здравјето на телото. Само 100 г кисела зелка содржат 20 милиграми витамин Ц.

Тоа го зајакнува имунитетот и го спречува предвременото стареење на клетките и ткивата. Киселата зелка исто така содржи витамини А, К и сложени витамини од групата Б. Овие супстанции спречуваат бројни гастроинтестинални болести (на пример, чир на желудник и на дванаесетпалачното црево).

Киселата зелка го снижува холестеролот во крвта и спречува појава на малигни клетки. Одлична е како диетален производ бидејќи содржи татронска киселина која го спречува создавањето на масни наслаги.

Киселата зелка е поздрава од свежата

Кога ќе ја закиселите зелката, ја збогатувате со витамини, корисни состојки кои не се губат и до 10 месеци од датумот на приготвувањето.

Рецепт

Состојки:
  • 2 главици зелка
  • 6 поголеми моркови
  • сол (1 кг по 1 кг зеленчук)
  • вода
Приготвување:

Изрендајте ја зелката, а потоа и морковот. Измешајте го зеленчукот, па ставете го во пластично буре. Ред зеленчук, па ред сол. Потоа, прелејте ја зелката со вода за да се потопи. Притиснете го зеленчукот со капак, па со камен, за убаво да се притисне. Потоа оставете ја да скисне. По неколку дена проверете – ако се појави пена на зелката, соберете ја.

Кога зелката и морковот ќе се скиселат, послужете ја салатата. Нема поздрав оброк од овој!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.