5 летни оброк-салати кои се приготвуваат за 15 минути!

Лесни и вкусни

Оброк-салатите се вистинското решение кога не знаете што да понесете за ручек на работа

Оброк-салатите се особено популарни во летниот период, бидејќи се приготвуваат брзо, содржат многу свеж зеленчук и претставуваат освежување за целиот организам.

Состојки (за сите салати):
  • домат
  • пиперки
  • краставици
  • кромид
  • маслинки
  • грчки јогурт
  • маслиново масло
  • оригано
  • шери домати
  • туна
  • варени јајца
  • сенф
  • леблебија
  • лук
  • мирудија
1. Салата од краставици

Исечкајте свежа краставица на ситни парчиња, прелејте со грчки јогурт, свежо сечкана мирудија и магдонос, сол и малку маслиново масло.

2. Салата со леблебии

Исцедете леблебија од конзерва, па додајте малку сечкани домати, пиперка, маслиново масло, маслинки, сол, бибер и свеж магдонос.

3. Туна со зеленчук

Додајте туна во свежо сечкан зеленчук како зелка, зелена салата, зачинете со маслиново масло, сол и бибер, а може да додадете и краставица.

4. Варени јајца во комбинација со домати

Измешајте варени јајца, домати, пиперка, сирење, малку грчки јогурт и ќе добиете салата што ќе ве засити до вечерата.

5. Салата со лубеница

Медитеранска лубеница-салата се приготвува така што се мешаат лубеница, фета-сирење, свежо нане и лимета. Оваа освежителна салата се приготвува за неколку минути и исчезнува исто толку брзо.

ФОТО: Magnific

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе