Скара, добра салата и ладно пиво – тоа е сè што ви треба за празникот на трудот
Нутриционистите се согласуваат дека месото на скара е поздрава варијанта, бидејќи не се пржи во масло, а поради специфичниот начин на приготвување, вишокот маснотии се топат и останува чист протеин. Клучно е да не претерувате. Но постои една напомена од експертите: со месото задолжително јадете зеленчук, кој ќе ги неутрализира маснотиите од месото.
Поради тоа, ви предлагаме 3 салати кои можете да ги приготвите додека месото се пече, па нема да ви треба ништо друго освен тоа на празничната трпеза овој Први мај.
Грчка салата

Состојки:
- 2 домата
- 2 црвени пиперки
- 2 краставици
- 2 зелени пиперки
- 1 главица виолетов кромид
- грст зелени маслинки
- грст црни маслинки
- 1 лажица маслиново масло
- сол, оригано
- коцка фета-сирење
Приготвување:
Добро измијте го зеленчукот, па исечкајте го ситно, зачинете и додајте фета-сирење.
Витаминска салата

Состојки:
- 1 главица млада зелка
- 3 моркова
- 1 цвекло
- сол, бибер, јаболков оцет, маслиново масло
Приготвување:
Ситно изрендајте го зеленчукот, па измешајте го и зачинете по желба.
Цвекло со козјо сирење и ореви

Состојки:
- 4 поголеми цвекла
- 200 г печени ореви
- 1 коцка (околу 200 г) козјо сирење
- сол, бибер, маслиново масло, јаболков оцет, свеж магдонос
Приготвување:
Сварете го цвеклото, па исчистете го и исечкајте го на коцки. Препечете ги оревите, па додајте ги во цвеклото. Исечкајте магдонос и додајте го во цвеклото. Додајте сирење, маслиново масло, сол, бибер, јаболков оцет и промешајте па послужете.
ФОТО: UNSPLASH, FREEPIK