3 предлога за најздрав појадок: Го зајакнуваат телото, го забрзуваат метаболизмот, даваат енергија за цел ден!

Здравјето влегува низ устата

Ако сте дома, време е да почнете да јадете здрави и балансирани оброци

Сега имате вистинска можност да се храните здраво. Конечно можете да јадете бавно, на мира и здрав оброк.

Препорака на нутриционистите е секое утро прво да испиете 2 чаши свежа вода. Водата ќе ви го разбуди организмот и секоја клетка во телото. Потоа, почнете со утринска фискултура, така што добро ќе се протегнете и раздвижите. Утринската фискултура не мора да трае подолго од 10 минути.

Потоа, пригответе си еден од овие 3 вида појадоци…

Палента

Палентата не содржи глутен и може да се консумира преку цела година. Идеална е за мали бебиња, за луѓе што внимаваат на килограмите или за оние што имаат проблеми со дигестивниот систем.

Состојки: вода, пченкарно брашно, сол, путер или маст.

Приготвување: Кога водата ќе зоврие, додајте брашно и мешајте додека смесата се изедначи. Додајте сол и путер или маст, па промешајте.

Во палентата можете да додадете сирење, сланина или јогурт или млеко. Освен што ќе ве засити, овој појадок ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви ги прочисти цревата.

Јајца

Варените или пржените јајца се совршен избор за појадок. За оние што сакаат да го зајакнат телото, предлагаме да појадуваат јајца со парче сирење и шолја чај или јогурт. Јајцата се полни со протеини, совршено се разградуваат во човечкото тело, а ги содржат сите потребни витамини и минерали. Ова е единствениот појадок што ќе ве држи сити до ручек.

Овесна каша

Вистинската домашна, овесна каша е многу хранлива. Оваа храна од цели зрна може да помогне за губење на тежината, ги обновува резервите на здрав холестерол, дава одличен избор на влакна и слично.

Овесната каша може да го забрза метаболизмот, да го намали ризикот од рак на дебело црево, да го зајакне срцето и крвните садови, го регулира шеќерот во крвта, ја регулира тежината и слично.

Силниот имунитет е пресуден: 3 предлога за бомбастичен појадок што врие од витамини и влакна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.