Подготовката трае 2 минути, а сигурно е еден од највкусните десерти кои ќе ги пробате ова лето : Рецепт за чоко – моко сладолед

Брзо и лесно

Интересната комбинација на намирници, во која доминира вкусот на чоколада – е одличен избор за сите љубители на слатките во топлите летни денови.

Потребни состојки:

– 100 гр. растопена чоколада за готвење

– 200 мл. густ јогурт

– 200 мл. слатка павлака

– 2 лажици рум

– 2 лажици какао

Начин на подоготовка:

Матете ја слатката павлака додека не стане цврста, а потоа додадете го јогуртот, чоколадото, румот и на крајот какаото. Откако сето тоа добро ќе се соедини, истурете ја смесата во пластичен сад и замрзнете ја.

Извадете ја неколкупати и добро промешајте пред целосно да се замрзне.

На здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.