Новиот број на магазинот „Добра храна“ е во продажба: Пробајте ги нашите есенски кулинарски приказни!

Сити и вити

Гответе со љубов и уживајте во добрата храна!

Мирисот на печените пиперки го најави почетокот на есенската магија, која полека влезе во сечиј дом, и тоа во форма на ајвар, зимница, џемови, слатка и сокови.

Сок од круши

Сите овие вкусови нè асоцираат на есен, а ги прашавме и нашите гастро-мајстори кое е нивното омилено јадење сезонава и тие ни ги открија нивните избори.

Температурите полека се снижуваат, па затоа ова е идеалното време за топли чорбести јадења.

Унгарско бело вариво

Деликатесите од мелено месо секогаш се добра идеја, а кога ќе се искомбинираат со разни зеленчуци, уживањето е загарантирано.

Лазањи со ајвар

За десерт овој пат ви носиме посебен предлог: научете како да го приготвите најпознатиот француски сладок специјалитет – неодоливото суфле.

Чоколадно суфле

А за да ви биде готвењето уште позабавно, разубавете си го кујнскиот простор со есенски нијанси.

Нашиот мал кулинарски прирачник изобилува со рецепти за паметење, корисни трикови и практични совети – гответе со љубов и уживајте во добрата храна!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.