Есента е сезона на цимет, вкусови на јаткасти плодови и топли, пријатни вкусови кои нè загреваат и нè потсетуваат дека понекогаш е навистина време да забавиме.
А ако барате торта што ги комбинира сите овие елементи, банана лебот со морков е идеален избор. Овој рецепт комбинира два есенски класика во еден – сочен (и многу вирален) банана леб и ароматична торта од морков и создава совршена рамнотежа помеѓу сладост и благи зачини. Лесно зачинета со цимет и мускатно оревче, со крцкави парчиња орев, оваа торта ве освојува со секој залак. Ако ве заинтригиравме, само почекајте додека не ја пробате!
Рецепт
Состојки (за 8-9 лица)
- 2 средно зрели банани
- 85 мл (вегански) путер
- 70 г јогурт (или 1 големо јајце)
- 125 г кокосов шеќер
- 185 г обично брашно
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 3/4 лажичка прашок за пециво
- 1 1/2 лажичка цимет
- 1/4 лажичка морско оревче
- 75 г рендан морков
- прстофат сол
- 35 г сечкани ореви
Глазура:
- 100 г крем сирење
- 75 мл шлаг
- 1 лажичка ванила
- засладувач по избор
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180°C и обложете плех за леб со хартија за печење. Во сад, измешајте ги пасираните банани, растопениот путер, јогуртот, солта и шеќерот. Потоа додадете ги ренданите моркови во смесата. Потоа, додадете ги сувите состојки: брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и зачини; нежно мешајте во посебен сад додека не се соедини. Потоа додадете ги сувите состојки во смесата од банана и морков. Додадете ги сечканите ореви и истурете ја смесата во подготвениот плех. Печете 55-60 минути, или додека чепкалка за заби забодена во средината не излезе чиста. За глазурата, изматете ја шлагираната павлака со ванила и засладувач додека не стане речиси цврста, потоа внимателно додадете го крем сирењето и оладете го во фрижидер. Декорирајте ја тортата со глазура, дополнителни ореви и рендан морков по желба.
Фото: Instagram/ @eatsbyellaa