Овој брз рецепт ќе ви овозможи да уживате во вкусно кафе без дополнителни трошоци
Не мора да одите во кафуле за да пиете ледено кафе – пригответе го овој рецепт дома, за многу помал трошок. Освежете се на топлиот летен ден без да излегувате од вашиот климатизиран дом. За најдобар вкус, користете ладно кафе или кафе на собна температура, за да не се стопи мразот веднаш. А ако тоа ви звучи како премногу работа, можете да користите и инстант-кафе.
Не ви треба специјален апарат! Со овој рецепт не ви треба никаква технологија, приготвувањето трае најмногу 10 минути, а вкусот најмногу потсетува на капучина.
Состојки за освежително ледено капучино
Приспособете го рецептот по свој вкус и ќе го имате тоа што го сакате секој ден, без исклучоци.
- 3 лажици топла вода
- 2 лажици инстант-кафе во гранули
- 1 лажиче шеќер
- 1 шолја мраз или по потреба
- 170 мл ладно млеко
Можете да додадете една или една и пол лажичка кафен шеќер, пола лажиче цејлонски цимет и едно лажиче чист екстракт од ванила, за посладок вкус.
Приготвување:
Измешајте ги топлата вода, инстант-кафето и шеќерот во тегла која може да се затвори. Затворете и протресете за да добиете пена. Доколлку веќе имате изладено кафе, изоставете ги водата и инстант-кафето од рецептот.
Сипете во чаша полна мраз, додајте млеко по вкус, и тоа е сѐ. Уживајте!
Најдоброто е тоа што теглата многу лесно се мие по употреба, само сипете вода со малку детергент за садови и протресете.
ФОТО: Breakslow / Unsplash