Највкусниот кох со гриз и какао: Колач кој враќа во детството – еве како да ја направите новата верзија

Кох е едно од оние слатки што со брзина на светлината нè враќаат во детството и безгрижните денови.

Подготовката е многу едноставна дури и за почетници, а вкусот е незаменлив. Колач што сите го обожуваат, а овојпат ви носиме рецепт за ‘напредна’ верзија со какао и гриз.

Состојки:

– 3 јајца

– 3 лажици шеќер

– 3 лажици гриз

– 1 лажица брашно

– 1 лажица какао

– кора од лимон

– 300 мл. млеко

– 1 ванилен шеќер

– шеќер по желба (за млеко)

Подготовка:

Во изматените јајца додадете ги гризот, брашното, кората од лимон и сето тоа заедно изедначете го. Извадете 1/3 од тестото, па додадете го какаото и изедначете.

Садот за куглоф премачкајте го со зејтин и посипете малку брашно.

Посипувајте наизменично од белиот и чоколадниот дел.

Протресте и печете на 200 степени, околу 20-30 минути.

Сварете го млекото, засладете го по желба, додадете 1 ванилен шеќер, па кога ќе проврие, прелијте врз колачот. Пресечете и послужете кога ќе се излади.

На здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.