Идеален ручек за строг пост: Омиленото јадење на Никола Роквиќ по рецепт на неговата сопруга! (видео)

Во семејството Роквиќ се готви по правилата на Божиќните пости

Овој рецепт за ручек во време на строг пост ни стасува од кујната на пејачот Никола Роквиќ и неговата сопруга – манекенката Бојана Баровиќ. Тие внимаваат и на линијата, па постот им одговара. Овој пат Бојана за своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм го сподели рецептот за омиленото јадење на нејзиниот сопруг, кое го подготвува само на вода.

Главната состојка е киноата која изобилува со протеини и јаглени хидрати, содржи калциум и витамини Б1 и Б2. Порција киноа по рецептот на Бојана Баровиќ се подготвува многу едноставно.

Во сад на пареа се обарува сецкан зеленчук, и тоа:  шитаке печурки, буковка и шампињони…додека во друг сад истовремено се обарува морков и карфиол. Киноата пак се вари во вода 15 минути. Посебен шмек на овој оброк ќе му даде намазот кој можете да го направите од авокадо, младо лукче и индиски оревчиња.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.