Вкусно зеленчуково пире за вашето бебенце

Дефинитивно ќе му се допадне!

Ви претставуваме вкусен рецепт за вашето најмило, кој ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерали за правилен раст и развој.

Состојки:
50 г боранија,
50 г сладок компир (батат)
1 парче прокељ
1 мала китка брокула
1 мала китка карфиол
1 помал морков
мало парче праз
1 чешне лук
2 листа блитва

Приготвување:

Убаво исчистете го и измијте го зеленчукот. Обарете ја блитвата (фрлете ја првата вода). Преостанатиот зеленчук гответе го 20-тина минути на пареа, а потоа заедно со блитвата, во зависност од возраста на бебето, изблендирајте или изгмечете ги готовите состојки. Додајте половина лажичка маслиново масло. Пирето е подготвено за вашето бебе!

Наш предлог за брзо, здравои безбедно приготвување на оброците: Повеќенаменски помошник

Мултифункционалниот робот од Gorenje ќе ве ослободи од секојдневните ситни задачи кои одземаат многу од времето на младите родители. Погоден е за готвење на пареа, блендирање, загревање, стерилизирање и сечкање. Ви требаат само квалитетни намирници, измијте ги и исечете ги на поголеми парчиња.

Чувар на витамини Готвењето на пареа ги зачувува хранливите состојки бидејќи е најздравиот метод за приготвување храна, овозможува храната да ги задржи корисните состојки, природната арома и вкус.

Разновидни оброци приготвени за 15 минути Овошје, зеленчук, месо или риба, може да се готват на три нивоа, заедно или одделно – во зависност од потребното време за готвење на пареа.
Ситно сечкано или блендирано: пригответе фини и вкусни кашички

Ако вашето бебе се навикнува на готвена храна, состојките кои сте ги зготвиле може да ги изблендирате во фина каша.
Прецизно дозирање: милиметарска мерна скала на садот
Милиметарската мерна скала на садот овозможува брзо, едноставно и прецизно дозирање на состојките. Со ова се
поедноставуваат напредните рецепти, овозможувајќи ви да подготвите балансиран и вкусен оброк за вашето бебе.
Повеќе информации за комплетниот асортиман на линијата Gorenje Baby Collectionможете да прочитате ТУКА

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време