Вкусни рецепти за вашите најмали

Подгответе му на вашето бебе вкусна домашна кашичка, со помош на овие рецепти кои нема да ви одземат многу време, а ќе му ги овозможат  потребните витамини и минерали.

Виолетово пире

Содржи витамини А, Ц и Е, калциум.

Состојки:

  • Свеж спанаќ

  • 1 и половина чаша боровинки

  • Половина лажица сок од лимон

  • 2 лажици вода

Ставете го спанаќот во тенџере и полијте го со вода. Сварете го, покријте го и оставете го да вари 6 до 7 минути. Потоа исцедете го.

Спанаќот, боровинките, сокот од лимон и водата ставете ги во блендер и мешајте околу 1 минута. Ако е потребно додадете една лажица вода.

Пире од јаболка

Потребно време за подготовка: 20 минути. Состојките се за 1 ½ чаша. Откако вашето бебе ќе проба пире од јаболка неколку пати, потоа можете да додадете и тиква, или летни тиквички кои се полни со витамини и минерали. Пирето содржи витамин А, магнезиум и потасиум.

Состојки:

  • 2 јаболка

  • 1 тиквичка

Ставете 2.5 центиметри вода да се вари. Расечете ги јаболките, но оставете им ги лушпите. Расечете ја тиквичката на 2-5 сантиметри големи парчиња. Ставете ги парчињата јаболка и парчињата тиква во ѓезвето со вода и варете ги додека не омекнат.

Оставете ги да се оладат. Излупете ги јаболката и ставете ги во блендер. Додадете ја водата во која се вареле за пирето да биде потечно, па сервирајте.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време