Вкусна каша од пилешко бело месо и зеленчук

Идеален оброк за вашето најмило

Потребно е:

• Парче пилешко бело месо

• Половина трупка со средна големина

• 1 голем морков

• 1 компир

• 1 лажица сок морков

• 2 лажици сок од јаболка

• Лажичка маслиново масло

• Малку ситно исечкан магдонос

Приготвување:

Месото исечкајте го на парчиња, па варете го во малку осолена вода. Исцедете го месото од водата, па ставете го во блендер. Зеленчукот исечкајте на коцки и варете го во истата вода во која се вареше месото, исцедете и испасирајте го заедно со месото. На крај, во смесата ставете ги маслото, овошниот сок и магдоносот. По желба, можете да додадете малку лук (здрав е и не е штетен).

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време