План на исхрана за вашето бебе според секоја фаза од развојот

Плус: најздрав и наједноставен начин за приготвување хранливи оброци

Како додаток на мајчиното млеко и формулата, во исхраната на бебето во првата година можете да воведувате цврста храна соодветно на секоја фаза од развојот:

4 – 6 месеци

Житарки – житарките (најчесто ориз) му обезбедуваат на бебето железо, кое е важна и многу потребна хранлива состојка. Бебето се раѓа со природни резерви на железо, кои почнуваат да се празнат на возраст од околу шест месеци. Житарките можете да ги внесете и во форма на специјално произведени органски бисквити, приспособени на возраста и потребите на бебињата.

Како да ги приготвите: измешајте ги со мајчино млеко или со формула, а повремено можете да користите и вода.

6 – 8 месеци

Овошна кашичка – банани, круши, јаболка, кајсии, сливи

Јогурт – млечен или на база на соја

Како да ги приготвите: измијте ги сите овошја, потоа испечете ги, сварете или пригответе на пареа. Испасирајте ги убаво или изблендајте, а потоа додајте малку течност како мајчино млеко, формула или вода. Прво правете ги потечни, а потоа користете помалку течност како што бебето ќе се навикнува на нив.

Секоја од овие кашички може да се меша со оризови снегулки ако сакате да додадете текстура.

Зеленчукова кашичка – авокадо, моркови, грашок, компири, тиква

Како да ги приготвите: измијте ги свежите зеленчуци, а потоа испечете, сварете или пригответе на пареа. Испасирајте ги убаво или изблендајте, а потоа додајте малку течност како мајчино млеко, формула или вода. Прво правете ги потечни, а потоа користете помалку течност како што бебето ќе се навикнува на нив.

Протеини – парчиња со големина на грашок од варено пилешко, мисиркино и други меса, риба без коски, леќа, црн или црвен грав. Докторите некогаш препорачуваа да се почека пред да се внесе месо во исхрана на бебињата, но сега нагласуваат дека е во ред да се внесат на оваа возраст бидејќи се добар извор на железо.

Како да ги приготвите: исечкајте го месото или рибата на многу мали парченца, згответе и испасирајте ги. Истото направете го и со зрнестиот зеленчук.

8 – 10 месеци

Кашички од овошје и зеленчук

Жолчки од јајца (белки не!)

Како да ги приготвите: Нема потреба да ги изблендирате, само гответе ги додека омекнат, или испасирајте ја меката храна како авокадо или банани.

Мали парчиња зготвена паста, мали цереалии во форма на О

Како да ги приготвите: исечкајте ги на доволно мали парчиња за бебето да може да ги проголта.

Млечни производи: мали парчиња на козјо сирење или кое било пастеризирано сирење

Како да ги приготвите: исечкајте ги на доволно мали парченца.

Јајца – цели јајца вообичаено не се даваат на бебиња до едногодишна возраст, сепак, оваа препорака се чини дека се менува. Консултирајте се со лекарот на вашето дете.

Како да ги приготвите: направете кајгана или исечкајте го тврдо вареното јајце на мали парчиња.

10 – 12 месеци

На оваа возраст бебето може да проба да јаде секаква храна, ако е исечкана на доволно мали парчиња за да биде безбедна за џвакање и голтање. Сепак педијатрите препорачуваат да се внимава со јајцата, кикирите и морските плодови, бидејќи често се јавуваат алергиски реакции, особено ако имате историја на алергии во семејството. Избегнувајте кравјо млеко во првата година од животот на бебето. Медот исто така може да биде опасен за бебињата поради опасноста од појава на болест наречена ботулизам.

Како да ја приготвите храната: како што на вашето бебе му растат заби и учи на џвака се’ поефективно, тоа ќе може да јаде и поголеми парчиња храна. Следете го неговото џвакање внимателно, а кога се двоумите исечкајте помали парчиња ако е потребно. Бидете внимателни со заоблена тврда храна како грозје и сл. бидејќи тие претставуваат закана за задушување.

Наш предлог: Повеќенаменски помошник

Мултифункционалниот робот од Gorenje ќе ве ослободи од секојдневните ситни задачи кои одземаат многу од времето на младите родители. Погоден е за готвење на пареа, блендирање, загревање, стерилизирање и сечкање. Ви требаат само квалитетни намирници, измијте ги и исечете ги на поголеми парчиња.

Чувар на витамини Готвењето на пареа ги зачувува хранливите состојки бидејќи е најздравиот метод за приготвување храна, овозможува храната да ги задржи корисните состојки, природната арома и вкус.

Разновидни оброци приготвени за 15 минути Овошје, зеленчук, месо или риба, може да се готват на три нивоа, заедно или одделно – во зависност од потребното време за готвење на пареа.
Ситно сечкано или блендирано: пригответе фини и вкусни кашички

Ако вашето бебе се навикнува на готвена храна, состојките кои сте ги зготвиле може да ги изблендирате во фина каша.
Прецизно дозирање: милиметарска мерна скала на садот
Милиметарската мерна скала на садот овозможува брзо, едноставно и прецизно дозирање на состојките. Со ова се поедноставуваат напредните рецепти, овозможувајќи ви да подготвите балансиран и вкусен оброк за вашето бебе.
Повеќе информации за комплетниот асортиман на линијата Gorenje Baby Collection можете да прочитате ТУКА

 

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време