Nutrino: Здрава храна за вас и вашето бебе
Купувајте готови кашички од 100% природни намирници
Бебињата односно децата учат набљудувајќи и имитирајќи ги најблиските луѓе во своето опкружување, а тоа се најчесто родителите. Токму од нив учат за светот и за животот, гледајќи ги возрасните ги стекнуваат своите навики и формираат мислења за различни теми. Ако таткото сака фудбал, многу е веројатно дека и детето ќе сака фудбал. Ако мајката чита книги, и детето ќе стекне таква навика. Ако родителите се хранат здраво, и детето ќе се храни здраво.
Јадете заедно со вашето дете
Кога станува збор за учење на децата да се хранат здраво, мора тоа да им го покажете со сопствен пример. Седнете со децата заедно на маса и покажете им што е прокељ, што се брокули, што е карфиол (доколку сѐ уште не сте им ги претставиле белите и зелените цветчиња). Така вашето бебе ќе има можност да ја набљудува вашата реакција на храната што му ја давате. Секако, неговата храна нема да биде зачинета како вашата, но треба да го почувствува вистинскиот вкус на намирниците. Кога воведувате цврста храна кај бебето, на возраст од 4 до 6 месеци, според советите на педијатрите, први намирници што треба да му ги понудите се компир, морков, спанаќ, ориз, тиква, банана итн. Сите овие намирници бебето лесно ќе ги прифати.
За да си помогнете себеси, но и да заштедите време за приготвување на храната, слободно купете готови кашички од 100% природни намирници. Обрнете внимание само на декларацијата, затоа што таму ќе најдете детален список на намирниците, нутритивната вредност, шеќерите, солите, мастите и другите состојки. На секоја тегличка јасно е назначено за која возраст на бебето се препорачува храната во неа, на пример за 4, 6, 12, 24 месеци итн.
Искористете го визуелниот ефект како помошник во прифаќањето нови намирници
Кога бебето почнува да јаде кашички, треба да ги почувствува вистинскиот мирис и вкус на намирниците што ги јаде но не знае како тие изгледаат. Дајте му на бебето компир или морков додека јаде пире од таа намирница. Цветот од брокула што го јадете вие дајте му го и на вашето малечко, ќе му биде интересно да си игра и да го испитува тоа зелено „нешто“ во своите рачиња, а во исто време ќе го чувствува неговиот вкус во кашичката. Кога му давате оброк од тегличка, дајте му да ги гледа сликите од намирниците на етикетата. Сигурно е дека занимавајќи го вака визуелно, полесно ќе изеде сѐ.
Позитивен став за здравата храна
Секогаш имајте позитивен став за храната што ја јадете и обидете се да не го уценувате детето со реченици како: „Нема да добиеш сладолед ако не ја изедеш боранијата“. Од таквите реченици детето ќе заклучи дека боранијата е лоша, но МОРА да се изеде за да се добие десерт, односно награда.
Кога воведувате нoва намирница, секогаш кажете нешто позитивно за тоа овошје, зеленчук, месо или риба. Дајте му на вашето дете можност да го засака тоа што ќе го ставите на неговата чинија, па дури и да е тоа нешто што вие самите не сакате ни да го вкусите. Обидете се да не влијаете на вкусот на детето. Глумете малку, кажете „ммм, колку е вкусно ова“ и каснете барем еден залак со насмевка на лицето.
Водете го детето со вас на пазар или во маркет при набавка на намирниците
Кога детето е малку поголемо, направете заедно список на намирници што треба да ги купите во супермаркет и на тој начин дајте му пример како би требало да изгледа здрав оброк: на пример, за појадок ставете на списокот леб од цело зрно, мачканица од младо сирење, свежа пиперка (дозволете му на детето да избере која боја да бидат пиперките што ќе ги купите) јогурт, млеко.
Самото дете нека избере кој зеленчук го сака во супа, кој зеленчук да го додадете во главното јадење заедно со месото, а од кој зеленчук да ја направите салатата, за крај нека избере кое овошје го сака за десерт или ужинка. За секоја избрана намирница објаснете му зошто е важна, така ќе научи дека треба да води сметка за тоа што јаде, што внесува во организмот.
Дозволете му на крајот од пазарувањето сепак да избере и да стави во кошницата нешто благо што ќе може да го изеде по оброкот. Не забранувајте му ги колачите и слатките задоволства комплетно, но, секако, укажете му на детето дека треба да се консумираат во ограничени количества.
Играјте си со намирниците
Создајте игра така што секоја намирница ќе има некоја супермоќ и по нејзиното консумирање и детето ќе ја добие таа супермоќ. Поврзете ги суперхероите со одредени намирници, на пример Попај јадел спанаќ, Бананамен – самото име кажува. Сепак, и овде треба да бидете внимателни. Нинџа-желките јадат само пица, па мора да најдете начин како да му објасните на вашето дете дека таквата храна не може да се јаде секој ден затоа што не е здраво да се јаде само сува храна. Измислете заедно некој суперлик што ја јаде сета храна што му ја приготвува мама и затоа е паметен, јак, храбар…
Играјте си со намирниците и од аспект на правење ликови и облици на чинијата. Направете заедно торта или колачи и дозволете му на детето да ги излиже остатоците од филот од садот за матење. Тоа се моменти од детството што ги памтиме, па зошто да не создадеме такви сеќавања заедно со нашите најсакани.
Кашичките на Nutrino се добар избор за вашите најмали, бидејќи се направени од 100% природни намирници, чиј детален список и нутритивна вредност може да го најдете на нивната декларација. Вашето дете го заслужува најдоброто!