Кога и како се почнува со дохрана кај бебињата?

Како да знаете дека детето е подготвено за дохрана?

Дохрана се воведува меѓу 4-тиот и 6-тиот месец од животот на бебето, кога мајчиното или адаптирано млеко почнува да биде недоволно за задоволување на зголемените нутритивни и енергетски потреби на доенчето.

Воведување нови намирници не се препорачува пред бебето да има наполнето 17 недели или 4 месеци бидејќи дигестивниот систем на доенчето не е доволно развиен за варење на таква храна. Прераното воведување на дохрана ја зголемува опасноста од алергиски реакции на храна, а може да доведе и до прерано одбивање на мајчиното или адаптираното млеко.

Како да знаете дека детето е подготвено за дохрана?
  • Седи со потпора
  • Самостојно ја држи главата и ја врти на двете страни
  • Не ја турка рефлексивно храната од уста
  • Ја отвора устата кога ќе го приближите лажичето
  • Ја голта храната без плукање
  • Ја врти главата на страна кога не е гладно
Правила на дохрана

Новите вкусови се воведуваат еден по еден со растојание од една седмица помеѓу воведувањето на нова цврста храна за да бидете во можност да го утврдите причинителот на можна алергиска реакција.Кај доенчиња кои веќе покажале алергиска реакција, или чии родители се алергични на храна, дохраната мора да биде по бавна и по внимателна.

Почнете со една намирница и тоа во почетокот многу мала количина (1-4 лажици) и полека зголемувајте ја количината. Добро е кога бебето е гладно да почнете со подој (или адаптирано млеко) со цел да се задоволи првиот глад и бебето да не биде нервозно и нестрпливо, во средина на оброкот да понудите 2-3 лажички пире од морков и да продолжите со доење или адаптирано млеко.

Внимателно изберете што ќе бидат првите вкусови кои ќе ги понудите на вашето дете. Освен што не треба да се мешаат вкусови добро е да се почне со зеленчук иако можеби е полесно детето да ги прифати овошните пиреа поради природната слаткост на овошјето. Почнете со едноставни вкусови како јаболко, морков, банана, компир или тиква. Читајте ги внимателно декларациите на тегличката со храна за вашите најмали и секогаш купете 100% пире од овошје или зеленчук.

Според правилникот за здравствена исправност на диететските производи – храната за бебиња и мали деца не смее да содржи ГМО, адитиви, конзерванси, ароми и бои? Затоа треба да водите сметка на вашето дете да му давате само 100% природна храна бидејќи е вкусна, безбедна и квалитетна.

Храната за доенчето не треба да содржи сол, шеќер и други зачини.Задолжително прочитајте го делот од декларацијата во кој се наведени името на храната, состојките, со болдирани букви или нагласен фонт се означени алергените, наведена е количината на одделни состојки или категории состојки, нето количина на храната, рокот на траење, посебните услови за чување и начинот на употреба – кога е тоа потребно.

Совет за родителите при купување храна за бебиња

Масти – иако може да ве исплаши вкупната количина на масти во детскиот оброк сетете се дека на децата под 2 години мастите им се потребни и не треба да се обидувате да го намалите  нивниот внес. Тегличките содржат точно утврдена количина на масти и останати нутритивни состојки неопходни за правилен  раст и развој на детето.

Големина на оброкот – секој оброк за деца се базира на просечната количина храна  што треба да ја изеде дете во рамките на еден оброк, секако во зависност од тоа дали се работи за возраст до 1 години или на возраст од 1 до 3 години.

Дневни вредности – на декларацијата се наоѓаат изразени во проценти дневните вредности протеини, витамини и минерали кои детето треба да ги внесе во својот организам. За разлика од декларациите на храната за возрасни, овде нема да најдете дневни вредности за заситени масти, холестерол и останати состојки кои не се соодветни во исхрана на бебиња и деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.