Хармонија на вкусовите: Гастрономско уживање за сите сетила

Фото: Илустрација

Угодувајте си себеси – зачинете си го животот со мали задоволства!

Ви претставуваме неколку лесни специјалитети чии рецепти ги обезбедивме исклучиво за вас.

КАРПАЧО ОД ЗЕЛЕНЧУК

Потребно е: целер, морков, краставица, аспарагус, шери-домати, сирење „рикота“, листови пармезан, оцет од цреши, маслиново масло, сол, црн пипер, 20 г фстаци

Фото: Илустрација

Приготвување: зеленчукот добро се мие и се сече на многу тенки парченца (не го лупете!). За приготвување карпачо потребно е исто количество целер, морков, краставица, аспарагус (претходно бланширан), и шери-домати. Потребна е и лажица рикота-сирење, кое не е многу калорично, многу малку пармезан (ливчиња), оцет од цреши, маслиново масло, сол, црн пипер и 20 г тостирани фстаци. Тостираните фстаци се приготвуваат така што прво се помешува сол и вода за да се добие т.н. мокра сол.

Во неа се валаат фстаците, а потоа се распоредуваат во плех и се печат во рерна на 180 степени десетина минути. Целта е да потемнат, бидејќи така стануваат покрцкави. Сите состојки се сервираат во чинија.

ГРИЛУВАН АСПАРАГУС СО ПИРЕ ОД ЦЕЛЕР И СО ЈАЈЦЕ

Потребно е: 10 аспарагуси, морска сол, месарски коноп, путер, свинска пршута (од мангулица), ½ л млеко, карфиол, јајце, оцет, сол

Приготвување: во вода што врие се додава морска сол, а потоа се додаваат аспарагусите да се варат околу три минути. Извадете ги и ставете ги во студена вода и мраз. Со месарски коноп се врзуваат така да се добијат снопчиња. Потоа, се запржуваат во тава на путер (нема да впијат многу маснотии, туку ќе станат сочни). Пред сервирање, аспарагусите се покриваат три листа пршута.

Пире од карфиол: литар вода се меша со половина литар млеко, па се додаваат 125 г путер. Во таа течност спуштете го претходно исчистениот карфиол, поделен на цветчиња. Кога ќе се свари, ставете го во блендер, посолете го и измиксирајте го да добиете пире.

Јајца на око: во зовриена вода се додава оцет и сол. Се прави вител во водата, а потоа се спушта јајцето во црпалка. Се вари додека создаде обвивка, а потоа се спушта во студена вода за нагло да се прекине натамошно варење.

ЧАДЕНА ВЕШАЛИЦА

Потребно е: свински врат, жолт шеќер, каранфилче, лук, компир, рузмарин, 1 кг брашно, 100 г свинска маст, квасец, рдокви, млад кромид, сенф, шеќер, сол

Фото: Илустрација

Приготвување: парче свински врат се остава 48 часа да отстои во маринада од вода, жолт шеќер, сол, каранфилче и лук. Потоа, месото се мие од маринадата, се суши со салфетки, и се чади (за тоа е потребна современа комора за чадење или традиционална чадилница). Вешалицата не се пече докрај на скара за да остане сочна. Компирот сварете го во лушпа, а потоа пропржете го (додавајќи сол и рузмарин). Потоа замесете тесто од ½ л вода, 1 кг брашно, 100 г свинска маст, 5 г квасец, сол и малку шеќер и обликујте јуфки, развлечете ги и печете ги на електрична скара. Приготвеното јадење послужете го на штица со рдокви, млад кромид и со сенф.

РЕДЕФИНИРАНА КРЕМПИТА

Потребно е: 1 л млеко, 8 жолчки, 250 г шеќер, 6 кори за пита, малку путер и прашок за печиво, малини, рибизли, боровинки

Приготвување: шеќерот и јајцата се соединуваат. Млекото се вари додека зоврие, па во него се става стапче од ванила. Се преливаат шеќерот и јајцата, се промешува и се враќаат во тенџерето. Се вари и се меша додека се згусне. За да направите подлога, но и горна коричка, ставете три обични кори за пита, една врз друга, а помеѓу нив путер и малку шеќер во прав.

Фото: Pixabay

Печете ги 45 минути на 180 степени Целзиусови. Потоа, исечете ги и филувајте ги. Послужете со малини, рибизли и боровинки.

Текст: Бранкица Трескавица

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.