Гозба со вкус на есен: Во продажба е најновиот број на магазинот „Добра храна“

Сити и вити

Есента претставува вистинска инспирација – искористете ги вкусните благодати што ви ги нуди!

Со нетрпение чекавме да пристигне есента – делумно поради волшебните пејзажни бои, но најмногу поради вкусните деликатеси што редовно го наоѓаат своето место на нашата трпеза во овој период од годината.

Главната улога, секако, им припаѓа на пиперките, кои се толку сестрани што можете да ги користите во разновидни јадења.

Ролнички со пиперки

Не треба да се потценуваат ниту деликатесите со кралицата на есента – тиквата! Нашите гастро-мајстори приготвија мноштво рецепти со оваа незаменлива состојка, која одлично се вклопува и во солени и во благи специјалитети.

Покрај тоа, ќе ве поттикнеме повеќе да го користите карфиолот и да го вклучите во приготвувањето вкусни крокети, сос-болоњезе и тесто за пица.

Пица со тесто од карфиол

Овој број ќе ви покажеме и како да ги декорирате десертите со чоколадни пердуви, но и како да приготвите колачи со форма на овошје.

Есента е совршена за експериментирање и за испробување нови работи, па зошто да не почнете со промени во кујната?! Готвењето нека ви биде забава, а добрата храна уживање!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.