Готвиме со љубов: Во продажба е новиот број на магазинот „Добра храна“

Сити и вити!

Прелистајте ги содржините на најновиот број на „Добра храна“

 

Изминативе месеци нѐ вратија назад кон корените. Принудени најголемиот дел од времето да го поминуваме дома, во самоизолација, многумина ги засукаа ракавите и се фатија за готвење – па дури и оние што отсекогаш мислеле дека се антиталенти во кујната.

Кифлички, колачиња, тестенини на милион начини, торти и разни печива… Мирисот на неодоливи јадења завладеа во сечиј дом!

 

Додека сѐ уште сте загреани и расположени за правење вкусни експерименти, ние ви предлагаме да ги испробате и рецептите од нашиот кулинарски прирачник. Нашите гастро-мајстори сигурно ќе ви дадат многу интересни идеи, особено ако не знаете што да зготвите за велигденската трпеза.

Овој месец ви овозможуваме да ѕирнете директно во страниците на магазинот „Добра храна“ преку неговото дигитално издание, кое можете да го најдете на следниов ЛИНК.

Покрај тоа, ви нудиме и целосно мени за велигденскиот ручек, составено од вкусна салата, полнето пиле и сочни десерти.

Внесете велигденска магија во вашиот дом и со нашите предлози за креативни декорации во духот на најголемиот христијански празник.

 

Постите завршија, па можете да се почестите со деликатеси од месо, а сигурно ќе ви се допадне и питата од насловната страница.

 

При готвењето, не заборавајте да ја додадете најважната состојка, неопходна за незаборавен вкус – љубовта! Уживајте во добрата храна!

Ваша Марија Лукаревска

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.