Готвењето како терапија: Новиот број на магазинот „Добра храна“ е во продажба!

Сити и вити

Во најновиот број ќе најдете двојно повеќе рецепти за иста цена!

Секогаш уживате во готвењето или има денови кога не ви се влегува во кујна? Готвењето понекогаш знае да биде напорно, особено ако приготвувате јадење за повеќе луѓе или сте си задале некаков голем кулинарски предизвик. Па, уште и ако сте малку потрапави (како мене) и постојано ви паѓаат работи, истурате состојки наоколу, па сето тоа мора да се исчисти… Од задоволство, готвењето многу лесно може да се претвори во вистински кошмар!

За среќа, омилениот прирачник за готвење е тука за да ви ги разубави и оние денови кога не сте баш расположени за нови специјалитети. Нашите гастро-мајстори нудат совршени рецепти за вашето секојдневно мени.

Практичните совети на нашите страници ќе ви го олеснат готвењето, а декорациите со мотиви од јагоди ќе внесат радост во вашата кујна.

Изненадете го вашето семејство со специјалитети од тиквички, а и со понекој неодолив колач, за што сигурно ќе ви послужат нашите слаткарски трикови.

Шпагети со тиквички

За крај, не заборавајте дека готвењето е еден вид терапија – ја поттикнува вашата креативност, ве учи како да бидете трпеливи и присутни во моментот. А задоволството од сознанието дека сте направиле некого среќен со вашите вкусни залачиња… Тоа е бесценето!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.