Не можете да погрешите со овој добро познат рецепт – едноставен за приготвување, а сите го обожаваат
Овој рецепт се приготвува без сирење, но вкусот е еднакво добар, ако не и подобар, поради кремливиот фил. Сите вкусови се претопуваат во една сочна целина во која ќе уживате.
Измешајте сè во една чинија и префрлете во плех да се пече, а потоа ви преостанува само да уживате. Доколку ви остане некое парче, можете да го сочувате за утредента.
Состојки:
- 400 г тестенини
- 3 јајца
- 2 лажици масло
- пола литар јогурт или 300 г павлака
- малку сол
Приготвување:
1. Вклучете ја рерната на 200 степени, а потоа, сварете ги и исцедете ги макароните.
2. Изматете ги преостанатите состојки и измешајте ги со макароните.
3. Ставете сè во плех и печете додека заруменат, околу половина час. Оставете ги малку да се оладат пред послужување.
За малку покомплексен вкус, при крајот на печењето, можете да изрендате кашкавал одозгора за да се стопи и убаво да се развлекува при послужувањето.
ФОТО: sheri silver / Unsplash